Мартинијан Кириловски наскоро со нова песна и видео спот

Сподели со своите пријатели

Еден од најуспешните кумановци дефинитивно е Мартинијан Кириловски кој оваа година имаше доста успешна работно лето во кое издаде две нови песни, а воедно и својот прв видео спот.

Loading...

Но, Мартинијан нема да застане тука. Веќе сега тој работи напорно на своето ново музичко парче, па за некој месец ќе ни се претстави со песна во брз ритам со која ќе се лумпува за нова година.

Засега насловот ќе остане тајна, но Мартинијан одлучи да ни каже која ќе биде екипата која ќе го подготвува неговиот нов хит со кој ќе ја одбележи и повеќе од успешната година зад себе.

Текстот е напишан од Мартинијан заедно со Филип Антевски, кој воедно работи и на музиката и на аранжманот на песната.

Премиерата на песната која ќе биде во ориентален и брз ритам може да очекуваме некаде пред нова година заедно и со нов видео запис.