Мартинијан Кириловски финалист на „МакФест 2016“

Сподели со своите пријатели

Со песната „Далечна“, Мартинијан Кириловски вчеравечер обезбебеди пласман во финалето на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2016“ кој се одржа во Штип.

Инаку од оваа година настапува нов систем на гласање кој на пејачите им овозможува да гласаат за тројца од своите колеги за кои сметаат дека имаат најдобра песна, а на тоа се додаваат и гласовите од телевоутингот и стручното жири, за да на крај сето тоа соберено се претвори во евровизиски систем на гласање.

Освен Мартинијан, место во финалето обезбедија:

  1. Лена Заткоска – „Да сум твоја“

  2. Зоран Рудан-Цеки – „Душа балканска“

  3. Стефан Давидовски – „Што ќе ми е друга“

  4. Александра Јанева – „За сто години“

  5. Викторија Лоба – „Ти знаеш најдобро“

  6. Александра Михова – „Да ми помине баш се“

  7. Горан Наумовски – „Кога беше крај мене“

  8. Џокси – „Тројца“

  9. Мариа Масле – „Балкатон“

Утревечер на штипската сцена ќе се одржи втората полуфинална вечер, каде за финале ќе се борат 15 изведуавчи, но само за 10 од нив ќе има место.

Победникот ќе добие награда од 10 илјади евра, второпласираниот од 7.500 и третото место пет илјади евра.

Фестивалот е во организација на локалната самоуправа, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и од Општина Штип.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.