Мартинијан ја промовираше „Златокоса“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Мартинијан Кириловски ја промовираше својата нова песна на српски јазик со насловот „Златокоса“.

Loading...

Станува збор за песна во брз летен ритам, која несомнено ќе ги освои срцата не само на македонската, туку и на балканската публика.

Музиката и аранжманот се на Иле Спасев, а текстот на Даниела и Никола Хаџи Тоневски.

Песната има и видео запис сниман во Охрид во режија на Даниел Јовески.

Ова е втора песна на Мартинијан кој ќе ја издаде за српската „Гранд продукција“ со која започна соработка по неговото учество во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

 

 

Loading...

Leave a Reply