Мартинијан ја промовираше новата песна – „Јас знам“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во „Nama caffe“ во присуство на најблиските пријатели, роднини, соработници, колеги и медиуми, Мартинијан Кириловски и неговиот бенд ја промовираа новата песна под наслов ”Јас знам”.  Заедно со промоцијата, пред фановите беше промовиран и новиот видео спот за новата песна на Мартинијан.

Loading...

[huge_it_gallery id=”156″]

 

Мартинијан вели дека е презадоволен од атмосферата на промоцијата, и се заблагодари на сите што му ја пружаа поддршката во натпреварувањето во „Ѕвездите на гранд“, но и сега.

Песната има доста весел ритам, во поп-рок стил, со вистински ритам за летните денови. Од големо значење е што на аранжманот Мартинијан има работено самиот тој со членовите од неговиот бенд.

На промоцијата присуствуваа и неговите колеги, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски и Филип Божиновски, кој го освои третото место на овогодинешното издание на „Ѕвездите на гранд“. Сите му посакаа оваа песна да стане вистински хит.

  • Му посакувам многу успех понатаму, многу песни, спотови. Му посакува да сними албум и да го прати среќа во неговата кариера, па дај боже и некој голем концерт – изјави Филип Божиновски.

Нашата кумановчанка Ивона му посака секогаш да биде насмеан ведар и да е во близина на луѓето што го прават среќни.

Loading...
  • На мојот драг колега му посакувам многу хитови, успешна кариера и многу албуми – додава Ивона Јованоиќ.

Неговиот колега, Марио Арангеловски вели дека познавајќи го Мартинијан воопшто не се сомнева дека оваа песна ќе стане вистински хит. Тој вели дека е особено горд на неговиот пријател, затоа што заедно со Ивона тројцата почнале да чекорат во музичките води.

  • Му посакувам оваа песна да му го донесе онаа кон што тој се стреми. Имено, му посакувам уште многу вакви песни, хитови, спотови и следната промоција да биде за албум. – изјави Марио за нашиот портал.

Откако заврши промоцијата, Мартинијан како и обично своите гости ги почести со добра песна и музика, додека останатиот дел од вечерта помина со музиката на Dj G.