Мартин Костовски е нов директор на Службен весник

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски е новиот директор на Јавното претпријатие „Службен весник“, со одлуката која денеска Владата на Република Македонија ја донесе на одржаната седница.

Тој доаѓа на позицијата, откако исто така со одлука на Владата, е разрешен досегашниот в.д. директор Лука Кржалоски.

Од функцијата пак директор на Државниот архив е разрешен кумановецот Филип Петровски, на чие место доаѓа Кирил Петров.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.