Мартија од Куманово е подготвена за светска кариера (видео)

Сподели со своите пријатели

Јас би одела на твојот концерт. Ти си подготвена за светска кариера и додека ти пееше,  ми падна на памет како Рита Ора направи кариера.

Loading...

Ова се зборовите на Гоца Тржан прокоментирани за време на настапот на Мартија Станојковиќ од Куманово на музичкото шоу ”Ѕвездичките на Пинк” кое се одржува во Србија.

Ти си светска ѕвезда. Начинот на кој се однесуваш на сцена, како пееш, како изгледаш. Ти си подготвена за светски настап, додаде Тржан.

Мартија на натпреварот се носи раме до раме со останати детски вокали и засега успева да остане меѓу првите финалисти на познатото српско шоу.

Еве го нејзиниот последен настап каде таа ја отпеа песната ”How deep is your love” од Калвин Харис.