Marshmallow – новата верзија на Android

Сподели со своите пријатели

Новиот софтвер, кој порано го носеше името Android М беше најавуван уште во месец мај на годишната Developer Conference – Google I/O.

Loading...

Самото име го следи манирот на компанијата во именувањето на новите верзии на Android. Компанијата веќе одамна дава имиња по абецедата и благите работи. На пример, најновата верзија го доби името Lolipop (лижавче), a претходниот беше KitKat. Се очекува Marhmellow да биде објавен оваа есен.

Android се наоѓа во над 80% од светските паметни телефони, од произведувачите Samsung, HTC, SONY и многу други. Софтверот исто така е продолжена рака на Google, со цел што повеќе луѓе да ги користат неговите услуги – како што се пребарување, карти и видео сајтот YouTube.

Ажурирањето ан софтверот ќе има некои клучни новитети како што е Android Pay, преуредена услуга на мобилно плаќање, која на луѓето ќе им овозможува да плаќаат и преку апликацијата и во малопродажба.

Android Marshmallow ќе има и нова функција за пребарување Google Now под името Now On Tap. Оваа фукнција ќе овозможи да пристапите на пребарувачот во момент со држање на Home копчето на вашиот смартфон, слично на она што Apple го претстави на своите последни нови уреди.

Ќе биде потребно некое време за поголемиот дел од корисниците да почнат со користење на новиот софтвер. Првата недела од август, само 18% од нив ја користиле последната верзија – Lollipop.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.