Марш наместо протест утревечер во населбата Вера Которка

Сподели со своите пријатели

Наместо блокада на магистралниот пат Куманово – Свети Николе, жителите на кумановската населба Вера Которка во сабота револтот ќе го искажат со мирен марш.

Loading...

Во известувањето кое го објавија на социјалните мрежи, стои дека од СВР Куманово не добиле дозвола за блокада на регионален пат, бидејќи за тоа се потребни посебни дозволи и одобренија.

Маршот ќе се одржи утре од 22:00 до 23:00 часот.

„Сакаме да ве известиме дека од СВР Куманово не добивме дозвола за целосно блокирање на овој патен правец, со образложение дека се работи за регионален пат и за ваков настан се потребни посебни процедури и дозволи. Заради тоа наместо блокада, ќе организираме мирен марш од бензинската пумпа до автобуската постројка, а по пат ќе застанеме и ќе запалиме свеќи на местото каде што се случи сообраќајната несреќа, во исто време од 22 до 23 часот. Ве молиме за разбирање и културно однесување за време на настанот, бидејќи во вакви тешки моменти не се потребни дополнителни проблеми “, стои во соопштенито од организаторите на протестот.

Протестот доаѓа, откако на први месецов во населбата смртно настрада 16-годишно момче на мотор, откако во него удри автомобил. Жителите со маршот ќе побараат поголеми контроли од сообраќајната полиција на овој дел од градот, како и поставување на пречки за успорување на сообраќајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply