Perseverance Rover на НАСА се подготвува да започне со собирање примероци наменети за научници на Земјата. Тоа е важен чекор и акција што ќе овозможи подобро разбирање на Црвената планета.
Роверот се упатува на локација јужно од местото каде што слета во февруари, со цел да започне 11-дневен процес на земање мостри. Примероците што научниците ги набљудуваа се опишани како „безбојни, полирани карпи кои потсетуваат на парчиња користени на Земјата за поплочување дворови и други површини“ и се очекува да дадат одговори на голем број геолошки прашања.
Пред да започне собирањето, „Perseverance Rover “ ќе користи инструменти и механичка рака за да испита дали станува збор за вулканска или седиментна карпа. На овој начин, собраните примероци ќе имаат контекст, што значи дека научниците веднаш ќе знаат во која насока треба да одат тестовите. Се смета дека е најстарата карпа од сите пронајдени во областа.
Роверот е опремен со потребните инструменти. Откако ќе се собере примерок, тој ќе остане во роверот се додека тим од Земјата не одлучи каде и кога треба да го земе.
После тоа, друга ракета ќе оди на Марс, кој ќе биде задолжена за собирање на примероци и нивно испраќање на Земјата. Се очекува да ја достигне планетата во 2026 година, а камењата да ги врати назад до 2030 година.