Марјан Србиновски останува на кормилото на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Марјан Србиновски и оваа сезона ќе го предводи сино-белиот состав кон нови победи. Поранешниот селектор пристигна минатата година кон средината на сезоната во составот на КК Куманово и тимот го одведе во финалето од домашната лига, каде станаа вицешампиони.

Според сите досегашни информации Александар Костоски, Марјан Јанески, Димитар Карџовски и Никола Караколев и оваа сезона ќе заиграат во сино-белиот дрес на КК Куманово. Последната информација која од управата ја дадоа во телефонски разговор за Кумановски Муабети беше дека договорите се предадени на правната служба по што ќе следува и конечно нивно официјализирање.

Инаку, порталот Екипа, наведе шпекулации дека како можно засилување ќе биде поранешниот капитен на Кожув, Владимир Брчков и репрезентативецот Стојан Ѓуроски.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.