Марјан Јовановски и ФК Гелзекирхеј донираа помош за „Порака наша“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Марјан Јоановски денеска во просториите на Општина Куманово донираше 500 евра за обнова на кровната реконструкција на објектот кој претставува Дневен центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

Јовановски повеќе години игра во германската лига во фудбалскиот клуб Гелзекирхеј и со своите другари успеал да собере парични средства кои сака да ги донира во хуманитарни цели и заедно со исто толку финансиски средства од Општина Куманово да се санира кровот на објектот.

Колку што разбрав сега и реконструкција ќе се прави, благодарам на градоначалникот, општината што исто се приклучуваат во оваа донација и еден мој апел до сите невладини организации, добронамерни луѓе да помогнат колку толку да можеме да го изгураме овој проект до крај – изјави донаторот Марјан Јовановски.

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека е свесен дека просторот не ги задоволува потребите, но во овој момент општината нема посоодветна можност да направи нешто повеќе.

Локалната самоуправа се приклучува на иницијативата на овие добронамерници и ние според нашите можности, бидејќи можеме да се вклучиме само до определени средства без јавни набавки и покрај определениот трансфер на средства кој на годишно ниво милион ипол денари ние ќе учествуваме во реконструкција на кров со 30.000 денари тоа е максималната можност што може локалната самоуправа да го направи без одлука на Советот – изјави градоначалникот Дамјановски.

12874223_10209028160807128_340759977_o

Loading...

 

Тој изрази надеж дека оваа донација ќе поттикне и некои други организации од странство да донираат помош за лицата со хендикеп.

Ги повикувам сите стопанственици, невладните здруженија, клубовите кои имаат таков карактер во рамки на своите можности да придонесат за оваа акција реконструкција на кровот на дневниот центар. пред мене имаме една изработена спецификација од самиот менаџер на дневниот центар тоа е околу 280.000 денари целата реконструкција ќе чини. Ние ќе се обидеме преку вакви пропаганди, медиумите и повик до стопанственици, реалниот сектор, невладините, со добротворни акции да помогнат на ова невладино здружение бидејќи се наоѓаме во една таква состојба, тука е опстојување на самиот дневен центар бидејќи треба доста финансиски средства, а овие од буџетот не се доволни за сите потреби – рече Дамјановски.

Дејан Стојановски од Порака наша се заблагодари на сета поддршка која ја добиваат од локалната самоуправа и од приватните компании од градот.

Исто така сакам да се заблагодарам и на нашите сограѓани од Германија поттик за нив да ја прошират оваа мрежа и ваквите акции да помагаат не само на Порака наша, туку на слични вакви здруженија затоа што верувајте дека ние се обидуваме на некој начин и покрај тоа што имаме донации, се обидуваме да бидеме и самоодржливи, меѓутоа сепак тоа е еден процес во почеток, потребна ни е помош за да можеме да застанеме на свои нозе и ваквите форми на некој начин напредуваат и да се формираат нови кои подразбираат поквалитетен инклузивен живот на лицата со попреченост – изјави Стојановски.

Инаку Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост, „Порака наша“ сега е сместен во просториите на поранешната месна заедница Бајрам Шабани, објект кој со иницијатива на невладините организации и соработката на локалната самоуправа беше отстапен на користење на оваа организација.