Кошаркарите на Куманово продолжуваат со извонредни игри во БИБЛ лигата, откако во вторникот славеа победа против бугарскиот Берое со 82-72.
Марјан Јанески беше најзаслужен за задржување на непобедливоста на кумановчани во БИБЛ лигата по првите пет кола и поради тоа беше прогласен и за МВП на петтото коло.
27-годишниот гостиварчанец имаше ефект од 26 поени и 9 скока, за поминати 38 минути на паркетот. Тој исто така забележа и 5 асистенции и имаше импресивен индекс рејтинг од 34 поени.