Марио Арангеловски ја воодушеви публиката на бугарскиот X Factor (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Марио Арангеловски пред два месеци испратил видео на конкурсот за бугарската верзија на музичкото тален шоу Икс Фактор, по што продукцијата одлучија да го повика на аудиција каде настапи пред жирито и публиката.

Се претстави со музичката нумера на групата 3 doors down, „Here without you“ и со четири да се пласираше во следната етапа од шоуто, односно позната како „буткемп“ чие снимање треба да се одржи за 10 дена.

Добив многу позитивни критики од жирито, од Сања, Заки, Љубо и Криско. Тоа се луѓе кои во Бугарија имаат огромна тежина зад себе, меѓутоа освен Криско останатите кај нас не се нешто познати. Ниту јас не ги знаев додека не се појавив таму – вели Арангеловски.

Loading...

 

На шоуто се пријавени шест илјади кандидати, од кои на аудицијата минале само 60. Од нив треба да се изберат 24 најдобри.

Конкуренцијата е огромна и од груг во круг е се поинтересно. Меѓутоа бев одлично прифатен од страна на сите инволвирани во проектот и оставив одличен впечаток уште од самиот страт што може да ми донесе и добро и лошо. Од една страна да играм на старата карта, од друга страна, мора да се надминам себе си, што не е лесно – додава Арангеловски.

 

Инаку, Марио Арангеловски и претходно настапуваше на вакво шоу, но во српската верзија, каде иако испеа прекрасно не помина во понатамошната фаза. Во Бугарија е поинаква приказната. Ние му посакуваме многу среќа и пласман меѓу 24те најдобри, за почеток.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.