Марија имаше 15 години, беше танчерка. Ја уби руска ракета во Днипро

Сподели со своите пријатели

Денес беше објавен идентитетот на 15-годишното девојче кое беше убиено во руски ракетен напад врз деветкатница во Днипро.

Loading...

Нејзиниот идентитет и фотографии ги објави Емине Џепар, заменик шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

„Марија Лебид имаше само 15 години. Таа беше претседателка на класот и танчерка. Кога руски проектил погоди станбена зграда во Днипро, Марија беше дома. Нејзиниот прекрасен танц на животот го прекинаа руските терористи”, објави Џепар со фотографии од убиената Марија.

Во ракетниот напад врз станбена зграда во Днепар загинаа 40 лица, а 75 се ранети.

Потрагата по урнатините се уште трае, бидејќи се верува дека се закопани уште 35 луѓе во остатоците од зградата, која беше уништена со ракета од руските сили во саботата.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.