Марихуана пронајдена кај 25-годишник на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник се обидел да пренесе марихуана преку Граничниот премин Табановце, при што бил приведен.

Loading...

– На 05.10.2020 во 09.40 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Н.Б.(25) од Штип бидејќи при контрола на патничко моторно возило „бмв“ со англиски национални ознаки, управуванo од Н.Б. била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply