Марихуана паѓаше од небото во Израел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотици вреќички со марихуана оваа недела паднаа од небото на централниот плоштад во Тел Авив, на голема радост на минувачите.

Loading...

„Крајно време е, драги браќа. Дали е тоа птица? Дали е тоа авион? Не, тоа е зелен дрон што дели марихуана бесплатно”, напиша групата „Зелен дрон” во криптична порака во апликацијата „Телеграм”, пренесуваат израелските медиуми.

Стотици кесички биле фрлени од беспилотното летало, на радост на минувачите кои побрзаа да земат пакети со два грама марихуана на плоштадот Рабин, пред градската куќа во Тел Авив.

 

 

Две лица кои управувале со дронот биле запрени од полицијата.

Но, изгледа дека тука нема да биде крајот. „Зелениот дрон“ објави дека проектот „Дожд од марихуана“ ќе продолжи секоја недела на друга локација во Израел, каде вкупно ќе падне од небото еден килограм од таа дрога.

Loading...

Иако Израел го одобри извозот на медицинска марихуана, производството, продажбата, купувањето и употребата на оваа „мека дрога“ за „рекреативни цели“ сè уште претставува прекршок.

 

Leave a Reply