Марихуана и стебла од канабис пронајдени во селото Романовце

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(31) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 16.06.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот во Куманово во с.Романовце, каде се пронајдени 0,24 грама наркотична дрога марихуана и 16 стебла канабис, која пријаениот во текот на 2016 година од непознато лице ја набавил наркотичната дрога.