Маричиќ од Брисел: Ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата

Сподели со своите пријатели

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел оствари две одвоени средби со европратеникот и претседавачот на ЛИБЕ Комитетот, Хуан Фернардо Лопе Агулар и хрватскиот европратеник Тони Пицула. Тема на разговорите беа реформите во правосудството кои ги презема Министерството за правда како и евроинтеграциите.

Loading...

Маричиќ ги потенцираше реформите во судството со фокус на проектот за дигитализацијата на судовите, процес на кој Министерството за правда интензивно работи, а ќе резултира со над 100 дигитализирани судници, што ќе претставува огромен технолошко-информатички скок и модернизација. Тоа ќе придонесе за побрзи и поефикасни судски постапки, а правдата ќе може непречено да биде испорачана и при услови на пандемија, а со тоа ќе се заштити и здравјето на сите вклучени со процесите.

Дополнително, министерот информираше и за процесот на филтрација во правосудството кој го спроведува Судскиот совет и што според него овој процес претставува за Министерството за правда, а тоа е враќањето на довербата на граѓаните во правната држава. На состаноците беа претставени и деталните планови за борба против корупцијата.

Leave a Reply