Маричиќ: Македонските коридори дел од европската патна мрежа

Сподели со своите пријатели

Денеска во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 21, „Транс-европски мрежи“ заедно со Поглавјето 15, „Енергетика“. На почетокот на објаснувачкиот скрининг за Кластер 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, кое започна вчера, со Поглавјето 21, и 14, „Транспортна политика“, вицепремиерот Маричиќ рече дека властите во Северна Македонија го знаат значењето на транспортниот сектор и дека со финансиска поддршка на ЕУ ќе продолжат да се спроведуваат значајни инфраструктурни проекти.

Loading...

– Она што е битно да се каже дека Европската Унија полага многу значење на овие области, бидејќи се од суштинска важност за развојот на цела Европска Унија и за развојот на нашиот регион. Не може да има развој без развиена инфраструктура. Не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа. И како што видовте и на скринингот целта на оваа политика е да се намали метежот, да се зголеми ефикасноста на транспортниот бизнис, и да функционира инфраструктура беспрекорно и без пречки, или со минимум неопходни пречки, додаде вицепремиерот Маричиќ во изјавата за медиумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Пред претставниците на Европската комисија, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ рече дека Северна Македонија е држава којашто е вклучена во транспортната заедница и дека учествува и во енергетската, и во транспортната заедница, преку иницијативата на Берлинскиот процес.

Вицепремиерот ја поздрави намерата на Европската комисија да вложи дополнителни напори во развојот на новиот европски транспортен коридор за Западен Балкан и напомена дека тоа практично е воведување на регионот во европските коридори потенцирајќи дека веќе учествуваме во два важни европски коридори, Коридорот 10, што е целосно комплетиран и којшто може да биде и дополнет во наредниот период, како и Коридорот 8.

На крајот Маричиќ изрази уверување дека Владата е посветена на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на алки што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, како дел од јадрото и сеопфатната мрежа на европските транспортни коридори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Целта на ЕУ е да ја промовира меѓусебната поврзаност и интероперабилноста на националните мрежи, како и да го зголеми пристапот до тие мрежи. Со се подобруваат и електропреносните системи односно ќе се обезбеди подобро снабдување со извори на енергија, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот Маричиќ одржа и брифинг со групата новинари, кои се во посета на Брисел и го следат објаснувачкиот скриниг за Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, на кој се осврна на повеќе актуелни процеси во моментов за евтоинтегративниот процес на Северна Македонија, но и на регионот. Тој укажа дека приликата која ни се укажува не смееме да ја пропуштиме и дека Северна Македонија го има политички момент и поддршката од државите членки на ЕУ. Маричиќ уште еднаш им укажа на новинарите дека процесот ќе се води инклузивно и транспарентно и дека очекува заедно и низ соработка заеднички да се исполни целта за членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

На денешната агенда на објаснувачкиот скриниг е и Поглавјето 15, „Енергетика“, кое ќе го води државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдуи Халили.

Loading...

Според програмата на групата новинари, кои се во посета на Брисел и го следат објаснувачкиот скриниг за Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, ќе остварат средба со советниците за надворешна политика во Кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со амбасадорите на Постојаните претставништва на Словенија и Хрватска при ЕУ, Исток Јарц и Ирена Андраси.