Манифестацијата „Ден повеќе за одбојката“ утре во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“

Сподели со своите пријатели

Под мотото „Ден повеќе за одбојката“, утре со почеток во 18 часот во спортската сала на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се одржат повеќе одбојкарски натпревари во организација на ЦЕВ.

Натпреварите ќе се организираат низ цела Европа, а во Република Македонија во 15 градови, меѓу кои и Куманово и тоа во повеќе категории: рекреативци, аматери, професионалци – машки и женски.

Во манифестацијата активно учество преку Одбојкарската федерација на Македонија зема и Одбојкарскиот клуб „Куманово“ со ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“.

Учество во натпреварот ќе земаат машките и женски екипи на основното училиште, ОК „Куманово“ со своите селекции пионерки, кадетки и младинки, како и АРМ и екипа на тренери на ОК „Куманово“.