Мандиќ заминува од КК Куманово, клубот со нови засилувања? (видео)

Сподели со своите пријатели

Вукашин Мандиќ, еден од поуспешните играчи на КК Куманово, наскоро заминува од клубот, а составот на Љубисав Луковиќ ќе добие засилување од нови три играчи.

Loading...

Ова се неофицијалните информации кои кружеа на последниот натпревар кој го играа кумановци во Еврокупот против Турк Телеком во среда. Наводно ваквата одлука доаѓа на иницијатива на самиот кошаркар, кој поради свои лични причини побарал да замине од клубот.

На информацијата дека последниот натпревар за Мандиќ беше против КК Турк Телеком, кога несомнено многу малку минути беше активен на теренот, при што имаше два промашени шута од поле, еден дефанзивен скок и една загубена топка, Кумановски Муабети на прес конференцијата на натпреварот кој се играше во среда одговор побара од тренерот на КК Куманово, Љубисав Луковиќ кој не сакаше да ја потврди оваа информација, но не сакаше ни да ја негира.

Мандиќ минатиот натпревар не играше против Работнички, а сите останати играчи покажаа добра игра, а на нас е во наредниот период да видиме дали нешто ќе се зајакнуваме и дали нешто ќе менуваме. Секој играч кој овде бил и кој оставил некоја трага ние адекватно на тоа ќе реагираме – изјави Љубисав Луковиќ, тренер на КК Куманово.

 

Луковиќ потенцираше дека играчите го ценат секој денар кој се вложува во клубот и во нивните кариери.

Одоговор побаравме и од директорот на клубот Младен Давидовиќ, но од таму не добивме никаква повратна реакција.

Инаку Мандиќ од страна на МКФ заработи суспензија од еден меч, со што мораше да го остави тимот без својата игра на натпреварот против Работнички, поради неговиот конфликт со кошакар од Струмица.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.