Малолетник се преврте во возило на излез од Куманово

Сподели со своите пријатели

Станицата за итна медицинска помош бележи една сообракајна интервенција на автопатот при излез од Куманово, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

Сообраќајната незгода се случила на клучката кај ресторан Милано, каде патничко моторно возило се превртело и имало едно лице повредено на 17 годишна возраст.

Повреденото лице поминало со полесни повреди и по пружената медицинска помош во Хирушкото одделение , било пуштено на домашна нега.

Нема останати детали за тоа како дошло до сообраќајната незгода, соопштува РЦУК.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.