Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишна жена од Куманово вчера пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат пред основно училиште.

Loading...

– На 24.10.2024 во 14.10 часот во СВР Куманово, Б.Н.(36) пријавила дека пред основно училиште во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски