Вчеравечер околу 23.40 часот на граничниот премин „Табановце, во личниот багаж на лицето Л.Р. (17) од Република Србија биле пронајдени 46 парчиња екстази, непозната растителна пресувана материја и 6 џоинта, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето патувало со автобус на „СП Ласта АД“ – Белград – Република Србија. Истиот е приведен и предаден на полициски службеници од Одделот за наркотици и трговија со дрга и опијати (ОНТДО) при Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.