Малолетник од Куманово се обидел да обљуби девојче во Штип

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишен малолетник од Куманово се обидел да обљуби тринаесетгодишно девојче од Штип.

Loading...

Во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница вчера во Штип во периодот од 17 до 19 часот малолетникот се обидел да изврши обљуба врз девојчето, кое барало помош. Случаен минувач слушнал како девојчето повикува и бара помош, по што веднаш повикал полиција.

Полициските служби го лишиле од слобода малолетникот од Куманово.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 15-годишниот малолетник од Куманово и две години помалото девојче од Штип се запознале на социјалните мрежи, каде и имале комуникација.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply