Малолетник излета од пат со мотор во Куманово, две лица повредени

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко откако вчера малолетник со мотор излетал од коловозот во Куманово.

Loading...

– На 05.08.2021 околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада” во Куманово, малолетник од Куманово, управувајќи мотоцикл „кимико”, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ј.(32) од Куманово, сопатничка на мопедот, додека Д.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply