Малолетник фатен со марихуана во градинка во Куманово

Сподели со своите пријатели

При преглед на малолетник од Куманово во градинка, полицијата пронашла марихуана.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 15-годишник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, на 14.10.2019 во градинка на зелениот пазар во Куманово, полициски службеници, при преглед на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.

Никола Ивановски

Leave a Reply