Малолетници повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две малолетни лица од Куманово се повредени, од кои едно потешко, откако мотоциклот со кој управувале се судрил со „опел“.

Loading...

– На 08.12.2022 во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Козјачка“ во с.Доброшане, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(28) од селото Доброшане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Романовце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски