Малолетен мотоциклист од Куманово тешко повреден при судир со „БМВ“

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово е тешко повреден откако со својот мотор се судрил со „БМВ“ управувано од 25-годишник.

Loading...

– На 17.07.2025 околу 19.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Перо Шварц“ и ул.„Миле Кипра“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.М. од с.Облавце, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во населба Карпош, 5 пожари вчера низ Куманово

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски