Максимумот во Куманово денеска само 1 степен над нулата

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта беше променливо облачно и студено со повремен локален снег. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 60км/ч.

Loading...

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер.

Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 1 степен.

Leave a Reply