Максималната температура во Куманово денеска ќе остане во негатива

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и студено, претпладне со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ниски температури. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен односно северозападен правец. Утринската температура изнесуваше -5 степени, а максималната дневна денеска ќе остане во негатива од еден степен целзиусов.

 

Loading...

 

Во текот на ноќта се очекува температурата да се спушти до -9 степени целзиусови.

 

 

Како што додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи, стабилно и суво со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во петок кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени.

Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.

Loading...

 

Никола Ивановски