Максим Димитриевски најдобар градоначалник во Македонија од редовите на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски е еден од тројцата најдобри градоначалници од редовите на СДСМ, според анкетата која МЦМС ја направи со граѓаните.

Loading...

Со 6,8 отсто од испитаниците Димитриевски е меѓу најдобрите градоначалници, заедно во друштво со Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци и Арбен Таравари градоначалникот на Гостивар.

Анкетата прикажува дека 37,9% од Македонците сметаат дека нивниот градоначалник треба да биде резибран на претстојните локални избори, додека тој процент кај етничките Албанци изнесува 57 отсто.

Вкупно една третина од граѓаните или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија, покажуваат податоците на МЦМС, од анкетата која за нив ја спроведе М-Проспект.

Податоците биле прибирани со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Никола Ивановски

Leave a Reply