Макрон во Вашингтон на 24. април

Сподели со своите пријатели

Белата куќа одреди датум на првата државна посета откако претседателот на САД е Доналд Трамп, а ќе го пречека францускиот претседател Емануел Макрон.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс рекла дека Трамп ќе го прими Макрон на 24. април.

Трамп е првиот американски претседател во повеќе децении, кој за време на првата година од мандатот во државна посета немал ниту еден светски лидер.

На прославата на Денот на Бастиља минатата година, која се поклопи со 100-годишнината од влегувањето на САД во Првата светска војна, Трамп беше специјален гост на Макрон.

Leave a Reply