Макрон предлага средбата Зеленски – Путин да се одржи во Женева

Сподели со своите пријатели

Средбата меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, треба да се одржи во Европа, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека средбата треба да се одржи во Женева.

Loading...

Макрон рече дека Женева не е само хипотеза, туку колективна волја, бидејќи тие сакаат средбата да биде во неутрална земја.

„Јас сум за Женева, или некоја друга земја. Последниот пат билатералните разговори беа во Истанбул“, потсети Макрон откако присуствуваше на средбата меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник заедно со неколку европски лидери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Трамп е поканет во Русија

Претседателот на Франција рече дека денес ќе има состанок на таканаречената Коалиција на волјата, составена од околу 30 земји, на кој, заедно со Велика Британија, ќе се дискутираат безбедносните гаранции за Украина.

„Веднаш потоа, започнуваме конкретна работа со Американците, и затоа, почнувајќи од денес, нашите дипломатски советници, министри и шефови ќе почнат да работат за да видат кој е подготвен да направи што“, рече Макрон.