Макрон: Невозможно е да се испорачаат авиони во Украина во наредните недели

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека борбените авиони што ги побара Украина „под никакви околности“ не можат да бидат испорачани „во наредните недели“.

Loading...

Макрон на новинарите по европскиот самит во Брисел, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека „не исклучува ништо“.

Во врска со барањето на Киев за испорака на борбени авиони, францускиот претседател рече дека тоа „не одговара на денешните потреби“.

За време на посетите на Лондон, Париз и Брисел во средата и четвртокот, претседателот на Украина инсистираше на тоа дека неговата земја има потреба од борбени авиони за да се стави крај на војната што ја води Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.