Макрон: Немам причина да му се јавам на Путин, ако се јави ќе одговорам

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека е подготвен да разговара со својот руски колега Владимир Путин, но дека нема лично да му се јавува, пренесува ТАСС повикувајќи се на француските медиуми.

Loading...

„Секако дека ќе одговорам ако се јави Путин. Немам причина да му се јавам. Украинската контраофанзива е во тек. Се надевам дека ќе дојде време за преговори за условите на Киев. Но, ако се јави да предложи нешто, ќе одговорам бидејќи Франција отсекогаш била посредник“, рече тој денеска во интервју за ТВ каналот Франс 24.

Според францускиот лидер, „денес продолжување на дијалогот е можно само под услови на враќање на меѓународното право, што е единствениот начин да се живее во мир“, јави ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.