Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не разговарал за испорака на борбени авиони во Украина со неговиот украински колега Володимир Зеленски за време на нивната средба во Париз.
– Не, не разговаравме за тоа синоќа – изјави Макрон пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел.
Тој истакна дека имал „стратешка дискусија за ситуацијата во Украина“ со Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Целта ми беше да имам стратешка дискусија со него и со канцеларот Шолц со цел точно да ја проценам целта на теренот, барањата и потребите од оперативна и воена гледна точка и стратегија за мировни преговори – рече Макрон.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.