18.07.2018 00:04

Макрон кон крајот на годината во посета на Србија


Францускиот претседател Емануел Макрон најверојатно ќе ја посети Србија на 1. декември.

Макрон на заедничката прес конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, рекол дека го прифатил повикот да дојде во Србија, пишуваат Вечерње новости.

– Претседателот Вучиќ ме повика и јас го потврдив моето доаѓање во Србија во текот на оваа година. Сигурно со задоволство ќе одговорам на вашиот повик. Сакам да го исполнам ветувањето кое го дадов и позитивниот одговор на вашиот повик, рекол Макрон.

Францускиот претседател во таа прилика го повикал српскиот колега на 11. ноември да биде на парадата по повод 100-годишнината од победата во Прватска светска војна.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments