Макрон и Шолц утре се среќаваат во Париз

Сподели со своите пријатели

Министерски состанок меѓу Франција и Германија, кој минатата есен беше одложен поради несогласувања и заладени односи, треба да се одржи утре на 60-годишнината од договорот со кој се помириле соседите и поранешните непријатели.

Loading...

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и членовите на раководството на двата парламента ќе се сретнат во Париз за да разговараат за економијата и енергијата, одбраната и европската политика, соопштија Берлин и Париз.

Состанокот првично беше планиран за октомври, но ненадејно беше откажан, а Германија како причина ја наведе потребата од натамошна координација за клучните прашања.

Парис тогаш рече дека клучните теми од одбраната и енергијата допрва треба да се разговараат.

Се очекува состанокот да започне во недела наутро со церемонија на комеморација на Елисејскиот договор на Универзитетот во Сорбона, на која ќе говорат лидерите на двете земји.

Дваесет и третиот таканаречен француско-германски совет на министри, кој ги собира владите на двете страни, потоа треба да се состане попладне и да формулира заедничка декларација за иднината на Европа. Подоцна, лидерите на двете земји планираат заедничка вечера.

Војната во Украина

Се очекува централна тема на средбата да биде војната во Украина, како и соработката во Европската унија и НАТО.

Париз рече дека не очекува напредок оваа недела по контроверзното прашање дали Германија ќе и испорача одредени борбени тенкови на Украина.

Loading...

Што се однесува до економските прашања, се очекува централна точка на разговор да биде енергетската соработка.

Двете земји планираат да разговараат за соработката во снабдувањето, транзицијата кон одржлива економија, како и жестоко оспоруваниот закон за намалување на инфлацијата во САД, кој ризикува да ја стави ЕУ во неповолна положба и да започне трговски конфликти.

Од двете страни беше истакнато дека француско-германските односи се карактеризираат со заеднички основи и блиска соработка.

Од Париз рекоа дека толку се навикнати на соработка со Берлин што веднаш се гледа дали нешто не функционира.

Состанокот во Париз му дава нов поттик и на француско-германското партнерство.

Се очекува претставувањето на првите учесници на новосоздадената мрежа Генерација Европа за германски и француски млади професионалци, а се планира и пуштање во употреба француско-германски билет за воз за млади, што ќе го поевтини железничкиот билет.

Силна Европа

Пред средбата во недела, Шолц и Макрон ја истакнаа својата волја за зајакнување на Европа во гостинска статија за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Во контекст на војната во Украина, обајцата ги наведоа клучните точки за суверена Европа каде луѓето можат да живеат во мир, просперитет и слобода.

Loading...

„За силната Европа утре, сега мораме да инвестираме повеќе во нашите вооружени сили и во темелите на нашата одбранбена индустрија во Европа“, напишаа канцеларот и претседателот.

Ова, рекоа, ги подобрува одбранбените способности и ја прави Европа посилен партнер и за САД.

„Силно ќе се залагаме за амбициозна стратегија за промовирање на конкурентноста на европската индустрија и европско опкружување кое поттикнува конкуренција и иновации“, рекоа Шолц и Макрон без директно да се осврнат на контроверзниот нов американски закон за намалување на инфлацијата.

Нагласија и дека се залагаат за брз и конкретен напредок во процесот на проширување на Европската унија.

„Истовремено, мораме да обезбедиме проширената Европска унија да остане способна за дејствување, со поефикасни институции и побрзи процеси на одлучување, особено со проширување на гласањето со квалификувано мнозинство во Советот“, напишаа двајцата лидери.

Тие особено се осврнаа на земјите од Западен Балкан, од кои повеќето се во различни фази на долгиот процес на пристапување во Европската унија. За да станеме првиот континент со неутрален јаглерод во светот, велат тие, треба да се фокусираме на обновливата енергија со ниска содржина на јаглерод и употребата на водород.

Ќе работиме на подобро функционирање на пазарот на електрична енергија и ќе учествуваме во заедничкиот откуп на гас на европско ниво.