Макрон и Бајден разговараа за улогата на Кина во завршувањето на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Франција и Соединетите Американски Држави, Емануел Макрон и Џозеф Бајден, „се согласија за важноста од продолжување на ангажирањето“ на Кина со цел таа да придонесе на среден рок за „завршување на конфликтот“ во Украина, објави Елисејската палата.

Loading...

Макрон, кој имаше телефонски разговор со Бајден за неговата неодамнешна посета на Кина, исто така ја потврди својата желба Европа да продолжи „да се вооружува за да го сподели товарот на трансатлантската безбедност“.

Париз смета дека Пекинг има „улога“ во изнаоѓање решение за ставање крај на војната во Украина поради сојузот со Москва.

Макрон во Пекинг рече дека смета на неговиот кинески колега Си Џинпинг „да ја освести Русија“.

Белата куќа, од своја страна, објави дека претседателите разговарале за „континуираните напори за промовирање на просперитетот, безбедноста, заедничките вредности и меѓународниот поредок заснован на владеење на правото“ во регионот на Азија и Пацификот.

„Двајцата претседатели ја делат истата желба да ја зајакнат тековната соработка и да го почитуваат меѓународното право, вклучително и слободата на навигација, низ Индо-пацифичкиот регион“, соопшти Елисејската палата без директно именување на Тајван.

Бајден и Макрон разговараа и за „вознемирувачката ситуација“ во Судан, конфликтот меѓу армијата и тамошните паравоени сили, додаде кабинетот на Макрон.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...