Францускиот претседател Емануел Макрон го одликуваше својот украински колега Володимир Зеленски со Орден на Легијата на честа за време на неговата посета на Париз.
Во соопштението за медиумите од Елисејската палата се наведува дека ова е највисокото одликување кое францускиот претседател може да го додели.
„Поздрав до Украина и нејзиниот народ. Поздрав до тебе, драг Володимир, за твојата храброст и посветеност“, напиша Макрон на Твитер.
Зеленски: Ова е украс за сите Украинци
На видеото од Елисејската палата, се гледа како Макрон му го предава медалот на Зеленски, облечен во воена униформа, во раскошната просторија на палатата.
Двајцата срдечно се прегрнаа и се држеа за раце додека Зеленски му одговори на Макрон.
„Му реков на претседателот дека е премногу за мене и затоа оваа награда ја гледам како награда за сите наши луѓе, Украинци, за нашето општество. И голема чест е да се биде овде“, рече Зеленски.
Зеленски им рекол на Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц дека имаат можност да го променат текот на војната против Русија доколку не се двоумат да испратат тешко оружје и напредни борбени авиони во Украина.
Bienvenue à Paris, cher ami.
L’Ukraine peut compter sur la France.Ласкаво просимо до Парижа, любий друже. Україна може розраховувати на Францію. pic.twitter.com/4tegLYYLok
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) February 8, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.