Макрон: Франција мора да биде независна нуклеарна сила

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави вчера дека воената стратегија на Франција до крајот на деценијата мора да се фокусира на зајакнување на земјата како независна, почитувана нуклеарна сила.

Loading...

– Европа повеќе не е заштитена од ракети и дронови. И ние мора да ја прифатиме оваа реалност – рече Макрон, говорејќи на носачот на хеликоптери Диксмуд, закотвен во медитеранската воена база Тулон, каде има повеќе од 24.000 француски војници.

Претставувајќи го националниот стратешки план на Франција, кој треба да дефинира како ќе изгледа одбраната на земјата во 2030 година, Макрон рече дека руската агресија против Украина може да претходи на пошироките геополитички ривалства и иднината.

– Франција сака да биде независна, почитувана, агилна сила во срцето на Европа со силни врски со НАТО алијансата – рече Макрон.

Макрон денеска треба да ја обиколи најновата француска нуклеарна подморница, „Суфрен“, пред да се сретне со членовите на француската морнарица подоцна во текот на денот.