Макрон, Фон дер Лејен и Џинпинг на 6 мај во Париз

Сподели со своите пријатели

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе пристигне во Париз на 6 мај.

Loading...

Повод е одржувањето на трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во посета на Франција, објави на мрежата Х портпаролот на претседателот на Европската комисија.

Кинескиот претседател ќе ја посети Франција на 6 и 7 мај на покана на Макрон, а во рамките на посетата на Европа, во која ќе ги посети и Србија и Унгарија.

За време на посетата на Франција, Џинпинг со Макрон ќе разговара за меѓународните кризи, вклучително и војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, соопшти претходно Елисејската палата.