Францускиот претседател Емануел Макрон не добил покана за претстојниот самит на БРИКС, иако побарал да учествува на него, пишува јужноафриканскиот портал „NJuz24“.
Loading...
Претседателот на Јужноафриканската Република и претседавачот со БРИКС испратија покани до лидерите на 70 земји, но меѓу нив не се Макрон, американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Риши Сунак.
Самитот на БРИКС, кој ќе се одржи од 2 до 24 август во Јоханесбург, ќе биде најголемиот собир на шефови на држави и влади во изминатите неколку години. Меѓу поканетите се лидерите на 54 африкански земји, а преку видео врска ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин.
Земјите на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.