Македонско чистилиште

Сподели со своите пријатели

Според Данте Алигиери, пеколот е злото. Рајот е слика на добрината.Чистилиштето е премин од една во друга состојба преку покајување.
А сeкој од нас го носи во себе својот пекол и својот рај. Општество кое живее во неслога живее во заблуда и незнаење. Според Данте, владетелот мора да го обезбеди владеењето на законот и правото, пред сè на разумот.

11992210_10207524172444125_2043602237_nПомина топлото лето, или летниот распуст како што многумина милуваат да кажат.

Loading...

Кој беше на одмор – беше, кој не беше, ќе оди идната година, можеби, односно би требало.

Македонија, а со тоа и Куманово, во годината што изминува живее под еден константен пресинг на освестување, откако СДСМ ги обелодени страшните неполитички методи со кои се служеле и се служат властодршците за да ја задржат власта и да ја практикуваат како што ја практикуваат последниве десет години, без притоа да ја споменам несреќата која нè снајде нас кумановци во мај и последиците коишто сè уште ги чувствуваме како општина.

Илузорно е да пишувам што сè слушнавме, бидјеќи граѓаните се запознаени, запознаени се со тоа како луѓето од власта ја водат, раководат и поимаат политиката. Слушнавме, а со самото тоа во реалноста и гледаме и чувствуваме дека сите недемократски методи кои се употребуваат во тоталитарните општества се употребени и кај нас за да се одржи власта и народот да се доведе во едно бесозание, при што се создаваат услови каде се наметнува страв, покорност и слепа послушност. Сето тоа се пропагира под паролата ,,Сè за доброто на граѓаните,, а доброто наместо кај граѓаните, се слева во нивните џебови.

Мислам дека во Македонија е потребно едно ново поимање на политиката, а со тоа и зголемување на демократскиот капацитет на секој политичар поединечно. Потребно е македонско чистилиште.

Луѓето кои десет години владеат во нашата татковина, сигурен сум дека повеќе го немаат кредибилитетот да бидат тоа, т.е да бидат политичари. Политичари на кои ќе има поверува народот, младите и оние многумина кои се иселија, а би сакале да се вратат и да работат и заработуваат тука. Но, за да се вратат, потребни се непартиски услови, граѓанско општество базирано на фер однос, дијалог и демократија.

Потребна е департизација на системот и соодветна замена на истиот, нов систем кој ќе овозможи граѓаните да се чувствуваат сигурни и да почувствуваат припадност кон својата татковина.

Што мислам под департизација?

Loading...

Па едноставно институциите да бидат граѓански – било каде и да влезете , било во која институција да влезете, службениците кои се таму веднаш да ви ја завршат работата, а доколку не можат да ве упатат кој може и истото тоа да се реализира. Без разлика дали сте или не сте член на некоја патија.

Вие сте граѓанин, вие сте столбот на ова држава, јадрото, а партиите се оние кои се борат да дојдат на власт за да го олеснат вашето и функционирањето на државата, и ништо повеќе. Се ставам себе си во улога како член на партија, и сакам кога ќе влезам во некоја државна институција да не ме гледаат со поинакви очи само затоа што можеби сум од партија која сака да ја превземе власта.

Истото ќе важи и во обратна ситуација.

Кога СДСМ или било која друга партија да биде на власт да не ја гледа нечијата политичка припадност, па според тоа да одлучи дали ќе му ја заврши работата или не. Ова е присатно секаде, тоа е болната точка на Македонија, најчесто во судството и тоа мора да се промени. Некој го признава ова, некој го негира, но факт е дека постои и треба да се промени.  Мора граѓанинот да биде на врвот од скалата преку која ќе го градиме идното граѓанско општество.

Тоа го зборуваат граѓаните, луѓето кои секојденвно заглавуваат по државните лавиринти, луѓе кои доколку немаат некој близок во некоја институција ќе останат оставени на забот на времето, ќе молат, ќе тропаат на вратите се дури не им здосади, не го земат својот куфер и не избегаат од тука.

За да не доаѓа до оваа мора да ја смениме оваа  практика, мора да бидеме потранспарентни, сите ние, поаѓајќи од себе, бидејќи ако не сакаме самите да се менуваме, како тогаш ќе сакаме да смениме некое општество или барем некои работи во истото тоа општество.

Факт е дека секој се плаши од промени, тоа е старо правило во секоја психологија, но постепено после промената ќе увидиме дека доколку е добро и успешно реализирана ќе ја поздравиме и ќе почнеме да ја практицираме.

Драги пријатели и граѓани, сигурен сум дека Македонија може да созададе еден нов тек, едно ново поинакво општество, а сигурно дека во тоа и такво општество, грѓаните ќе бидат позадоволни.

Loading...

Сè зависи само од нас самите.

Пишува: Сашо Тодоровски, Портпарол на О.О СДСМ – Куманово

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.