Македонските служби предупредуваат за нов миграциски бран летово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов при неговата вчерашна посета на Министерството за внатрешни работи предупреди дека државните служби имаат податоци за втор миграциски бран кој оваа лето ќе ја зафати нашата територија.

Тоа ќе биде сосема поинаку од она на што бевме сведоци во текот на првиот бран. Овој  втор бран, веќе е пред удирање и тоа се чувствува во централниот медитерански коридор – вели Иванов откако се сретна зо шефовите на разузнавачките и безбедносните служби на Република Македонија.

Според информациите кои ги изнесе Иванов, станува збор за мигранти кои доаѓаат од Египет, бројка од 5 милиони мигранти, додека на границите со Судан бројот на потенцијални мигранти надминува 20 милиони лица. Каде ќе одат истите засега е непознати, а тоа се најави на Комесаријатот за бегалци при ООН.

Над 750 илјади бегалци минатата година транзитираа низ Република Македонија кон западите земји, бран кој многу тешко се контролираше. Засега се уште има бегалци кои се заглавени во државата, а околу 100 лица се уште се во кампот на Табановце, откако ЕУ земјите ги затворија своите граници.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.