Македонските репрезентативци на прием кај Димитриевски (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска беше на прием во Општина Куманово.

Loading...

Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со делегацијата на македонската кошаркарска репрезентација, селекторот Марјан Илиевски и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томица Главчев.

 

 

Средбата се одржа во салата на Општина Куманово, во пресрет на значајниот натпревар меѓу Македонија и Романија, кој ќе се одигра на 2 август во спортската сала Куманово.

Настанот, според Димитриевски, има повеќекратна симболика претставува почеток на претквалификациите за Светскиот куп во кошарка во 2027 година, свечено отворање на реновираната спортска сала, како и симболично одбележување на големиот државен празник Илинден.

 

Loading...

 

– Имав огромна чест да се сретнам со нашите репрезентативци, стручниот штаб и раководството на федерацијата. Атмосферата веќе е полна со енергија, тимски дух и патриотизам, а репрезентацијата активно ги започна подготовките, изјави градоначалникот Димитриевски.

 

 

На состанокот се разговарало за организациските аспекти на натпреварот, логистичката поддршка од страна на општината и значењето што овој спортски настан го има за Куманово – не само како спортска, туку и како културна манифестација.

– Градот Куманово со гордост го пречекува овој настан и ги повикува сите љубители на спортот да дадат поддршка на нашите кошаркари во борбата за светскиот куп, порача Димитриевски.

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...