Македонските експерти дебатираа за употреба на канабис во медицински цели

Сподели со своите пријатели

Следејќи го примерот од земјите во регионот, во Скопје за време на викендот се одржа трибина на тема ”Употреба на индискиот коноп во медицински цели” на која лекари специјалисти, стручни експерти, претставници од Бирото за лекови и пошироката јавност дебатираа за ефикасноста на канабисово масло при лекување на канцерогени заболувања.

Loading...

Министерот за здравство Никола Тодоров, поздравувајќи ги присутните истакна дека досега 13 европски иземји членки на ЕУ дозволија употреба на канабисот во медицински цели.

Особено мора да се внимава со употребата на канабисот, бидејќи комбинацијата со морфиум може да биде опасна и со компликации. Намалува болки но со помал интензитет, истакна пред присутните Милан Ристевски, директор на Клиника за Онкологија.

Пренесувајќи ги личните искуства, порталот Здравство 24, повикувајќи се на изјавата на  Филип Достовски пренесува дека Достовски имал рак на лимфните жлезди, но со примање на стандардната хемотерапија се опоравил. Наводно, според изјавите на Филип, кога повторно му се појавиле жлезди, тој не направил биопсија, туку користел масло од канабис кој го набавувал нелегално, бидејќи истото не е дозволено за медицински третман во македонското здравство.

-Продолжив со маслото и сега сум добро. Ќе ви кажам многу примери на луѓе што го користеле и се излекувале, и тоа со документи црно на бело од лекар, вели Достовски

Филип својот став го искажа на првата јавна дебата за примена на индискиот  коноп во медицински цели. Со тоа им противречеше на онколозите кои масло од канабис не им препорачуваат на нивни пациенти. Велат дека нема се уште докази за ефикасноста, а дури и да го користат болните од рак тоа мора да биде многу прептпазливо.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.