Македонски Железници: Железничкиот сообраќај е повторно нормализиран

Сподели со своите пријатели

Од вчера напладне, повторно е нормализиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава откако синдикалните организации и раководството на Македонски Железници постигнаа договор за надминување на ситуацијата, јавува МИА.

Loading...

Како што информира директорот на МЖ Транспорт Никола Костов, вчера бил постигнат договор меѓу двете страни.

– Двете страни најдоа заедничко решение за надминување на ситуацијата, изјави Костов и додаде дека не го прифатил договореното само еден синдикат на машиновозачите и тие не ги извршуваат работните задачи.

Според Костов, тоа е спротивно на Законот за работни односи и за одбивање работа предвидени се законски мерки.

– Во време кога Македонија се соочува со мигрантска криза тоа предизвикува загрозување на безбедноста и сигурноста на сообраќајот, истакнува Костов.

Железничкиот сообраќај беше прекинат од завчера попладне. Машиновозачите бараа целосна исплата на платата за јули и придонесите за здравствено осигурување.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.