Македонски филм на првото место на листата најдобри филмови за 2019 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дека луѓето сакаат филмови кои не се празна приказна и во кои гледачот не се третира како пасивен или дури послушен фан, чие дејстие е вредно за дебата по премирата и кои ве инспирираат и тераат да размислувате, покажува листата најдобри филмови за 2019 година според „Њујорк тајмс“.

Loading...

Насловите пред вас ќе ви покажат дека филмската индустрија е сè уште во добра форма и ќе ве потсети зошто е подобро да одите на кино отколку да седите пред малите екрани.

10. „Atlantics“ (Мати Диоп)

Оваа романтична драма освои Гран-при во Кан. Љубовта на двајцата млади луѓе преоѓа во проблеми затоа што девојчето е ветено на друг маж, а наскоро, нејзината сакана исчезнува на море.

9. „Once Upon a Time… in Hollywood“ (Квентин Тарантино)

Акцијата во оваа комедија-драма на популарниот Тарантино се одвива во Лос Анџелес во 1969 година и ги следи актерот и неговото дуо додека се движат низ филмската индустрија.

8. „The Edge of Democracy“ (Петра Коста)

Бразилскиот документарец го следи политичкото минато на режисерот на личен и интимен начин во контекст на првиот мандат на претседателот Лула да Силва и импичментот на Дилма Русеф.

Loading...

7. „Peterloo“ (Мајк Ли)

Британската историска драма е заснована врз масакрот во Питерло во 1819 година.

6. „Little Women“ (Грета Гервиг)

Ова е осма филмска адаптација на новелата на Луис Меј Алкот од 1868 година со истото име. Премиерата ќе се одржи во Њујорк на 7 декември.

5. „ Marriage Story “ (Ноа Баумба)

Во оваа драма главните улоги ги толкуваат Скарлет Џохансон и Адам Драјвер, а приказната ја следи брачната двојка која минува низ развод.

4. „The Irishman“ (Мартин Скорсезе)

Новиот негативец на Мартин Скорсезе го следи возачот на камиони чиј лик го толкува Роберт Де  Ниро, кој станува платен убиец на мафијата.

Loading...

3. „Parasite“ (Бонг Џун Хо)

Црната комедија од Јужна Кореја ги следи членовите на сиромашно домаќинство кои се претставуваат како високо квалификувани работници со цел да најдат работа во богато семејство.

2. „The Souvenir“ (Џоана Хог)

Во оваа драма настапуваат Анор Свинтон Бирн, Том Берк и Тилда Свинтон. Бирн толкува една млада, богата жена која развива деструктивен однос со постар маж.

1. „Honeyland“ (режија Тамара Котевска и Љубомир Стефанов)

Замислен како информативно видео спонзорирано од страна на државата, овој македонски документарен филм не е ништо друго освен пронајден еп, вистински алегорија од животното опкружување и застрашувачка комедија за вековниот проблем на невнимателните соседи.

Ова е приказна за зачудувачка жена, за груба надворешност и за изненадувачка нежност и деликатност што живее далеку од развиениот свет во остатоците од планинско село.

Таа е последната што споделува мед со пчелите од карпите и со вештината на вешти искусни ловци пронаоѓа „злато“ во камен. Со некоја прастара, позната само за неа, магија таа прави пакт со пчелите и природата.

Loading...

Филмот има освоено три награди на Фестивалот „Санденс“.

Leave a Reply